Капитенот на Рома, Даниеле де Роси по елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите синоќа против Ливерпул, ја прокоментира ситуацијата за недосудениот пенал. Со сериозен тон, искусниот фудбалер истакна дека причината за елиминацијата на Рома не е оваа епизода, туку катастрофалните минути во првиот натпревар, кога „волците“ примија пет гола и макар и да вратија два, си ги намалија шансите да продолжат. Во реваншот, Рома постигна два гола во последните минути за конечни 4:2, но беше доцна за ново чудо. - Ја видов играта со рака. Бев таму и видов сè, но моето мислење не е важно. Пеналот можеше да направи пресврт во мечот, бидејќи ќе ни дадеше некоја шанса, откако остануваше уште половина час. Сепак, исходот од полуфиналето се решава во 180 минути, а во Ливерпул добивме некакво затемнување, изјави капитенот на „џаларосите“. Де Роси додаде дека се гордее со настапот на неговите соиграчи и дека Рома би требало почесто да игра полуфиналиња во ЛШ. - Покажавме дека не отстапуваме од останатите и должни сме да играме полуфинале во Лигата на шампионите барем еднаш на три години, а не по еднаш на 30. Ќе работиме за да станеме силен тим, заврши Де Роси.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2018 08:42