Реал Мадрид мора да го прекине британското проклетство за да ја освои титулата, пишува денеска весникот „Марка“, откако е познато дека Ливерпул ќе биде ривал на „белите“ во битката за трофејот во Лигата на шампионите.

Изданието потсетува дека „кралскиот“ клуб досега ги загубил сите три европски финалиња против екипи од Велика Британија, што дефинитивно не е многу добар тренд.

Првото од нив беше во 1971 година, кога во финалето на КПК се сретна против Челзи. Дуелот во Атина завршува со 1:1, што значи дека мора повторно да се одигра два дена подоцна на грчка територија. Сепак, тимот од Лондон победи на вториот натпревар со 2:1 по погодоците на Веб и Осгуд и го освојува трофејот.

Следи финале во КЕШ во 1981, освоено токму од Ливерпул со 1:0, а во 1983 година, Реал губи и од Абердин, предводен тогаш од Сер Алекс Фергусон, повторно во судир со КПК.

Шкотланѓаните победуваат со 2:1 по дополнително време, па статистиката дефинитивно не е на страната на актуелниот европски шампион.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2018 09:36