Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане смета дека Ливерпул може да го победи Реал Мадрид во финалето во Лигата на шампионите, иако тимот на Зинедин Зидан е „еден од најдобрите во светот“.

- Реал е еден од најдобрите тимови во светот. Ние сепак сме Ливерпул, силни сме и можеме да победиме секого. Ќе го дадеме најдоброто од себе за да победиме во финалето, но мислам дека е рано уште да зборуваме за него бидејќи пред тоа имаме два други натпревари - против Челзи и Брајтон. Треба да ги победиме и да останеме во топ 4, изјави Мане.

Левиот бек на Ливерпул Ендрју Робертсон додаде дека Ливерпул е во улога на аутсајдер против Реал, но тоа може да биде од корист за „црвените“.

- Сега сакаме да уживаме во моментот дека сме во финалето, а за Реал ќе мислиме подоцна. Тие имаат многу искусен тим и во последните години играат брилијантно во Лигата на Шампионите. Се разбира, ние ќе бидат аутсајдери, но понекогаш тоа е подобро, изјави дефанзивецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2018 11:55