Пласманот на Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите, откако ја совлада Рома со вкупен резултат од 7:6 во два натпревара, е причина за среќата не само за навивачите на клубот, туку и за ѕвездата на НБА - Леброн Џејмс.

Во 2011 година, Џејмс инвестираше 6,5 милиони долари во акции на тимот од „Енфилд“, односно тој купил два процента од клубот, а сега, седум години подоцна, инвестицијата му се врати повеќекратно.

Се проценува дека двата процента на Џејмс сега вредат неверојатни 32 милиони долари, имајќи предвид дека целиот клуб се проценува на 1,6 милијарди долари.

Се очекува дека цената на акциите ќе се зголеми доколку тимот на Јирген Клоп успее да го освои шестиот европски трофеј.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2018 12:52