Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер ја пропушти својата последна шанса да освои европски трофеј на чело на „топџиите“. Поразот од Атлетико Мадрид се покажа како последниот меѓународен натпревар под раководство на Французинот, кој се повлекува од менаџерската функција на крајот на сезоната.

Венгер, на пресот по мечот, му честиташе на својот противник и го изрази своето големо разочарување од елиминацијата.

- Многу сум разочаран. Тешко е да прифатиш поразот по играта, која ја покажа Арсенал. Сега клубот мора да размисли што ќе прави следната сезона. Понекогаш фудбалот е суров. Тој носи и убави моменти, но и страдање по натпревари како денешниот, изјави Венгер

Французинот изрази жалење поради големиот број пропуштени шанси на неговиот тим и оцени дека натпреварот бил решен уште во Лондон, кога мечот заврши 1:1.

- Водевме со 1:0 дома и дозволивме глупав гол. Денеска (вчера) ни дадоа гол по контранапад на крајот на полувремето. Тоа се клучни моменти во натпревари на толку високо ниво. Ако го погледнеме вкупниот број гол-шанси во двата дуели, има зошто да бидеме лути. Можевме да решиме сѐ во наша полза уште во Лондон. Атлетико сепак е тим со многу добра одрана. Диего Годин го спаси тимот барем 5-6 пати по опасни центрирања, прокоментира тренерот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2018 08:52