Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард се договорил со Глазгов Ренџерс и ќе биде менаџер на шкотскиот гигант во наредните три години, тврди „Скај Спортс“.

Двете страни постигнале договор доцна синоќа во Лондон, откако поранешниот играч на Ливерпул се вратил од Рим. Гери МекАлистер ќе биде асистент на Стиви Џи на „Ајброкс“.

Според „Скај Спортс“, Ренџерс ќе ја објави официјално веста во текот на денешниот ден, а Џерард ќе почне да работи со тимот од 1 јуни.

Тоа значи дека приврзаниците на Ливерпул ќе ја набљудуваат со уште поголем интерес битката во шкотското првенство во следната сезона, бидејќи Брендан Роџерс и Стивен Џерард ќе излезат еден против друг во новите изданија на големото дерби меѓу Селтик и Ренџерс.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2018 09:39