Напаѓачот на Вест Хем Енди Керол бил казнет по изрично инсистирање на менаџерот на тимот Дејвид Мојс, откако англискиот репрезентативец си дозволи доброволно да ја напушти клупата на тимот за време на поразот со 1:4 од Манчестер Сити во текот на минатиот викенд.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул остана неискористена резерва и откако виде дека нема да влезе во игра, одлучи да се повлече во соблекувалната порано.
- Енди веќе ми се извини, како и на своите соиграчи, но неговото однесување е неприфатливо. Тој беше казнет и рече дека ја разбира грешката, напиша Мојс за „Ивнинг Стандард“.
Вест Хем се наоѓа на 15-тото место на табелата со 35 поени, а утре „чеканите“ гостуваат на деветтиот Лестер.