Стоук Сити е првиот тим кој испадна од Премиер лигата, откако допушти пресврт и пораз со 1:2 од Кристал Палас дома. Џердан Шакири (43') им даде предност на „грнчарите“ на крајот на првиот дел, но Џејмс Мекартур (68') и Патрик ван Аанхолт (86') направија пресврт во резултатот и ја донесоа победата на „орлите“.

Овој резултат значи дека Стоук останува на 19-то место со 30 поени - три помалку од тимот на Свонси и две помалку од оној на Саутемптон. Овие два тима сепак се со два натпревари помалку, при што едниот од нив е директен судир меѓу нив.

Кристал Палас е 11-ти со 41 поен.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 01:19