Кардиф Сити се врати во Премиер Лигата по четиригодишно отсуство откако го освои второто место во Чемпионшип дивизијата. Претходно, Вулверхемптон обезбеди место меѓу најдобрите.

Во последниот натпревар, тимот од Велс не успеа да го победи Рединг и мечот заврши 0:0, но во исто време конкурентот Фулам изгуби со 1:3 на гостувањето кај Бирмингем, што значеше дека тимот на Нил Ворнок ќе игра во Премиер лигата првпат од сезоната 2013-14. За менаџерот, ова беше осма промоција.

Дел од навивачите беа толку желни да го прослават успехот што упаднаа на теренот пред последниот судиски сигнал и тоа доведе до прекин на натпреварот за некое време, но потоа тој се доигра и приврзаниците го прославија триумфот соодветно.

Така Кардиф го заврши натпреварувањето со 90 поени, додека екипата на Славиша Јокановиќ остана со 88. Сепак, тие ќе имаат уште една шанса за промоција преку плејофот.

Во нив влегуваат уште Астон Вила, Дерби Каунти и Мидлзборо, а паровите во нив се Дерби - Фулам и Боро против Вила.

Барнли, Бартон Албион и Сандерленд испаднаа од Чемпионшип дивизијата во Лига 1.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 23:44