Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, по завршувањето на „Ел Класико“ со Барселона, кое заврши без победник 2:2, изјави дека Лионел Меси извршил притисок врз судијата за време на паузата.

„Вечното дерби“ во шпанскиот фудбал беше исполнето со судиски грешки, кои донесоа штета на двете страни. Домаќините од Барселона го завршија натпреварот со десет играчи откако Серхи Роберто беше отстранет со црвен картот во 45-та минута, а судијата Алехандро Ернандес покажа вкупно осум жолти картони во натпреварот.

- Меси му изврши притисок во тунелот на стадионот. Не знам дали таму има камери. Можеби тоа влијаеше на него да суди поинаку во второто полувреме. Тој му кажа сè. Тоа е фудбал и сè мора да остане на теренот, изјави Серхио Рамос по натпреварот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 09:17