Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес најверојатно ќе игра во САД од новата сезона. Тој има понуда од Хјустон Динамо, кој е дел од МЛС.

Триесет и четири годишниот фудбалер има добиено предлози од уште три клубовци - Чикаго Фајер, Монтреал Импакт и Канзас Сити. Тој го избира Хјустон поради топлото време.

Тим од Кина исто така има желба да го привлече Торес, кој веќе ја објави својата одлука да го напушти Атлетико, бидејќи тренерот Диего Симеоне ретко се потпира на него.

Од почетокот на сезоната, поранешниот шпански репрезентативец има 25 натпревари и три голови во Ла Лига.

Во финалето на Лига Европа против Олимпик Марсеј тој ќе се обиде да го освои првиот трофеј со „јорганџиите“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2018 08:51