Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста ќе ја продолжи својата кариера во Азија, но не и во тимот што се очекуваше. Генијалниот играч од средниот ред беше поврзуван со кинески Чонгкинг Лифан.

Информациите велат дека клубот од најнаселена земја е подготвен да плати 81 милион евра за Иниеста за тригодишен договор. Одделно, Кинезите се согласија да купат вино од неговата визба за 36 милиони евра.

Од Чонгкинг денеска излегоа со официјално соопштение во кое потврдија дека имаат договорено економско партнерство со Иниеста, но во исто време негираа дека тој ќе се приклучи на тимот.

Иако има уште една понуда од Кина, 34-годишниот играч од средниот ред планира да игра во Јапонија. Според „Радио Каталонија“, тој ќе потпише со јапонскиот Висел Кобе. Сопственикот на клубот е Хироши Микитани, генерален менаџер на „Ракутен“, главниот спонзор на Барселона.

Во неделата, Иниеста го одигра својот последен „Ел Класико“, но не се прости со победа, бидејќи Барса одигра 2:2 со Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2018 08:58