Македонскиот репрезентативец Енис Барди по вчерашниот погодок од слободен удар за Леванте се запиша во историјата на Примера дивизион.

Вториот погодок во 59-та минута против Леганес (0:3) беше дело токму на Барди кој успеа да го постигне својот петти гол за шпанскиот тим од слободен удар со што се запиша во историјата на шпанската лига.

Македонскиот репрезентативец стана еден од последните пет играчи што успеале да постигнат по пет голови во една натпреварувачка сезона од оваа позиција, но никој од претходните четири фудбалери нема подобар ефект од него.

Покрај Барди, во изминативе 18 години, односно од почетокот на 21. век, тоа им успеало на Асунсао (5 гола од 49 обиди) во сезоната 2004/2005, Перниа (5/24) во 2005/2006, Роналдињо (6/49) во 2006/2007 и Лионел Меси (6/48) минатата година.

Во актуелната сезона Барди има пет голови, но од само 16 обиди, што го прави постигнувањето уште поимпресивно.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2018 09:02