Капитенот на Арсенал, Лоран Кошчелни претрпе операција на Ахиловата тетива на десната нога. Триесет и две годишниот Французин ќе биде надвор од игра шест месеци.

Францускиот репрезентативец беше повреден во натпреварот со Атлетико во Мадрид во реваншот од полуфиналето за Лигата на Европа.

Поради повредата, дефанзивецот ќе го пропушти Светското првенство во Русија и првите месеци од сезоната во Премиер Лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2018 11:30