Менаџерот на Челзи, Антонио Конте ќе го почека крајот на сезоната, за да ја објави одлуката за својата иднина.
- Се наоѓаме во сложена ситуација, но јас сум фокусиран на тековните задачи, тука и сега. Се трудам да си ја вршам својата работа на најдобар можен начин за играчите и фановите. Загубивме многу поени на почетокот на шампионатот, но сега не е време за такви спомени. Потребно ни е да земеме по три поени во дуелите со Хадерсфилд и Њукасл и да чекаме грешки на конкурентите, прокоментира Антонио Конте на пресот пред вечерашниот натпревар.
Тој додаде дека по две недели, кога сезоната завршува, ќе ги објави варијантите за неговата иднина.
- Ако останам во Челзи, со вас (новинарите) повторно ќе почнеме да разговараме за мојата иднина следната сезона, додаде на шега Конте.