Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ги ослободи од главната група седум стартери за гостувањето кај Севиља во Ла Лига.

Дуелот на „Роман Санчез Писхуан“ се игра вечерва од 21:30 часот.

Зидан нема да ризикува повеќе со своите главни играчи пред финалето на Лигата на шампионите на 26-ти мај.

Тој им даде одмор на голманот Кејлор Навас, дефанзивциите Рафаел Варан и Марсело, халфовите Тони Крос и Лука Модриќ, како и на Герет Бејл и Кристијано Роналдо.

Севиља се уште има теоретски шанси за пласман во Лигата на Европа.

Екипата на Реал: Кико Касиља, Лука Зидан, Хесус Ваљехо; Серхио Рамос, Начо Фернандез, Ашраф Хаким, Алваро Техеро, Луисми Кесада, Каземиро, Маркос Љоренте; Марко Асенсио, Матео Ковачиќ, Даниел Себаљос, Оскар Родригез; Карим Бензема, Лукас Васкез, Борха Мајорал.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2018 11:58