Десниот дефанзивец на Барселона Серхи Роберто доби сериозна казна за ударот против Марсело во последното „Ел Класико“ (2:2).

Роберто е санкциониран според член 98.1: „напад врз друг играч без последици“.

Фудбалерот ги пропушта сите три средби на тимот до крајот на сезоната - со Виљареал, Леванте и Реал Сосиедад, како и првиот натпревар за Кралскиот куп против Севиља.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2018 12:20