ПСЖ победи со 2:0 во финалето на францускиот куп против третолигашот Лес Хербиерс со головите на Ло Селсо и Кавани. За малиот клуб од западна Франција ова беше историски успех, нивните навивачи купија 15 илјади карти за финалето.
Комплетниот буџет на Лес Хербиерс за оваа сезона е два милиони евра, што делува како вистинска ситница во споредба што она што го има клубот од Париз, ПСЖ годишно на располагање има 540 милиони евра.
При прогласувањето на победникот најголем од сите се покажа капитенот на ПСЖ, Тијаго Силва, кој заедно со Себастијан Флошон, капитенот на третолигашот го крена трофејот.
Врвен пример за фер плеј и респект…