Навивачите на Атлетико Мадрид соопштија дека се гневни на УЕФА по објавувањето на информацијата за бројот на билети што ќе ги добијат клубовите за финалето на Лига Европа.
УЕФА за навивачите на клубовите финалисти Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј одвои по 9.000 билети.
Во слободна продажба ќе бидат пуштени 23.000 билети, а останатите 16.000 билети се резервирани за спонзорите, локалните власти, медиумите... Цената на влезниците во слободна продажба ќе се движи од 45 до 150 евра.
Навивачите на Атлетико ваквата одлука за распределба на билетите ја нарекоа срамна и сметаат дека УЕФА со ваквите постапки го „убива“ фудбалот.
Финалето во Лига Европа меѓу Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј ќе се игра на 16 мај во Лион.