Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го прифати мирно поразот со 2:3 од Севиља во вчерашниот дуел од 34-то коло во Примера.
„Кралскиот“ клуб излезе со многу резервни играчи на „Рамон Санчез Писхуан“, откако Зидан им даде одмор на седум главни фудбалери, со што јасно даде до знаење дека приоритет е финалето во Лигата на Шампионите, а не домашниот шампионат, бидејќи Барселона веќе го обезбеди насловот.
- Не жалам за ротациите. Ни претстојат уште натпревари и на играчите им треба одмор. Јас сум тренер и јас сум одговорен за составот. Во второто полувреме моите играчи направија максимални напори да се вратат во натпреварот, но не можевме да направиме ништо во нивниот шеснаесетник. Не ги обвинувам играчите, тие се трудеа многу во вториот дел, рече Зидан по мечот.