Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер го пофали духот на „топџиите“, демонстриран при поразот со 1:3 од Лестер во претпоследниот негов натпревар на чело на тимот од Лондон.

- Игравме со одличен дух, но со 10 фудбалери од самиот почеток. На крајот немавме среќа со пеналот. Го поздравувам тимот за односот за време на натпреварот. Црвениот картон на Мавропанос беше клучен за натпреварот. Овој тим има иднина и се надевам дека ќе го покаже тоа следната сезона, изјави Венгер по мечот.

Тој се осврна и на темата за поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон и соопшти дека е добро што веќе е надвор од интензивна нега.

- Бев загрижен, но тој е борец и сега е важно да се радува на животот, изјави Арсен Венгер.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2018 09:45