Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо смета дека Пол Погба ќе остане во тимот и наредната сезона.
Французинот е поврзуван постојано со други тимови, а вчера на Островот се појави информација дека неговиот агент, Мино Раиола веќе водел разговори со четири клубови - Пари Сен Жермен, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити.
Мурињо е категоричен дека не сака да се раздели со Погба и во клубот не пристигнале никакви понуди за него.
- Мислам дека тој ќе биде тука во следната сезона. Такво е моето чувство. Можам да гарантирам дека не сакам да си оди. Клубот исто така не сака да го продаде. Можам да ви гарантирам и дека кај нас не пристигнале никакви барања за него од други тимови. Самиот играч и неговиот агент исто така не кажале ништо слично. Според мене, тој ќе остане, изјави Мурињо.
Погба одигра 25 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, реализирајќи шест голови - еден повеќе во споредба со претходната кампања.