Бразил е прва во светот според бројот на фудбалери во странство, според истражувањето на фудбалската опсерваторија на Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).

Од Центарот велат дека јужноамериканската земја е извозник на 1.236 фудбалери ширум светот, а по „кариоките“ следи Франција (821), Аргентина (760) и интересно - Србија (465).

Зад нашиот северен сосед се земји како Англија (413), Шпанија (316), Хрватска (346), Германија (346)...



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2018 13:37