Претставници на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одржале средба со седум од најголемите еврпски клубови, меѓу кои Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, за да биде разгледана понудата за реформи во Светското клупско првенство, пишува весникот „Њујорк тајмс“.

Претставници на Реал, Јунајтед, Манчестер Сити, Барселона, Баерн (Минхен) и Јувентус беа поканети на состанокот кој беше одржан во седиштето на ФИФА во Швајцарија.

Според официјалното соопштение од страна на домаќините, „дискусијата овозможила да биде разгледана целосна реформа во Светското клупско првенство и развој на нов модел, кој ќе биде од корист за целата фудбалска јавност“.

Предлогот сепак не добил целосна поддршка и против него се изјасниле дури и од УЕФА. Причина е дека фудбалскиот календар ќе биде зголемен во време, кога се бара намалување на натпреварите.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2018 13:52