Капитенот на Евертон, Вејн Руни ќе ја продолжи кариерата во американската МЛС лига.
Како што објави Би-Би-Си, Руни постигнал начелен договор со клубот Ди-си јунајтед, а Евертон за овој трансфер треба да добие 12 милиони фунти.
Еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата ќе потпише со американскиот клуб соработка до крајот на сезоната 2019/2020, а трансферот ќе биде официјализиран на 10 јули кога почнува преодниот период во МЛС лигата.
Засега не е познато колкави ќе бидат примањата на 32-годишниот фудбалер, но британските медиуми наведуваат дека би требало да стане најплатен фудбалер во историјата на клубот, како и еден од најплатените во лигата.
Ди-си јунајтед во моментов е последен во Источната конференција, а на истата позиција ја заврши и претходната сезона.