Во Грција донесоа одлука да го доверат финалето од националниот куп на странски судија. Судирот меѓу АЕК Атина и ПАОК ќе биде предводен од елитниот шпански судија Давид Фернандез Борбалан. Негови асистенти ќе бидат Кабањеро Мартинез и Жозе Мануел Матијас Кабаљеро.

На 11 март двата тима се сретнаа во дуел од првенството во Солун, кој не беше доигран поради однесувањето на претседателот на ПАОК, Иван Савидис. Незадоволен од одлуката на судијата, тој се упати кон теренот, држејќи пиштол.

Подоцна на ПАОК му беше доделен службен пораз со 0:3 и тоа помогна на АЕК да триумфира со титулата.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2018 09:16