Напаѓачот на Ајакс, Давид Нерес, е предмет на сериозен интерес на Борусија Дортмунд, но германскиот клуб ќе мора да извади огромна сума, ако сака да го добие неговиот потпис.

Според информациите, од „Сигнал Идуна Парк“ направиле понуда од 30 милиони евра за Бразилецот, но Ајакс нема да го продаде за помалку од 50 милиони.

Дваесет и едно-годишниот Нерес имаше одлична сезона. Тој постигна 14 гола и даде 11 асистенции во 32 натпревари одиграни во Ередивизи.

Ајакс го привлече Нерис во почетокот на 2017 година од Сао Паоло за 12 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2018 09:19