Eгипетската ѕвезда на Ливерпул Мохамед Салах, беше крунисан како играч на сезоната за „црвените“ и дополнително ги израдува навивачите. Тој вети дека нема да го напушти „Енфилд“ и покрај сите шпекулации кои го поврзуваат со противникот на тимот во финалето на Лигата на шампионите - Реал Мадрид.
- Многу сум среќен тука и се е во ред, имам амбиции за иднината со Ливерпул, па не можеме да зборуваме за заминување. Многу сум задоволен со тимот, ова е само моја прва година тука, но мислам дека ќе останам со години на „Енфилд“, рече Салах на специјалната церемонија за доделување на наградите.
Во оваа сезона Салах има 42 гола и 13 асистенции за Ливерпул во сите натпреварувања.