Фудбалерите на Јувентус и теоретски ја обезбедија титулата во Серија А, откако ремизираа без голови на тешкото гостување на Олимпико кај екипата на Рома.
Старата дама во пресрет на последното коло во Италијанската калчо лига има четири бода предност во однос на „наполитанците“, кои вечерва славеа на гостувањето против Сампдорија со 0-2.
За екипата на Јувентус ова е седма титула и четврта двојна круна по ред во Италијанските фудбалски натпреварувања.