Македонскиот репрезентативец Енис Барди, брилираше против Шпанскиот првак Барселона во последниот викенд натпревар од Шпанската Ла Лига.
Пред домашната публика на „Естад де Валенсија“ не е запамштен ваков натпревар за домаќинот, особено што сезонава играше доста дефанзивно.
Дури 9 пати екипите на Леванте и Барселона тргнуваа од теренот, за да на крај домаќинот запише неколку нови рекорди, ја прекина победничката серија на Барса и и го нанесе првиот пораз сезонава.
Домаќините тргнаа добро па веќе во 8-та минута Боатенг му донесе предност на Леванте и истиот играч во 30-тата минута го дуплираше водството. До крајот на првото полувреме, Кутињо со гол во 38-та минута успеа да намали на 2:1.
Стартот на вториот дел беше како од соништата па за само 15-тина минути паднаа дури 4 гола. Голеадата ја започна Барди со фантастичен гол од 20 тина метри во 46-тата минута, а Боатенг постигна хет - трик само три минути подоцна. Еуфоријата продолжи во 56-тата минута кога повторно Барди стрелаше прецизно за високи 5:1 над шпанскиот шампион.
Кога се чинеше дека катастрофата ќе биде голема, се погрижи на два пати Кутињо со голови во 59-тата и 64-тата минута, со што постигна и тој хет трик, а конечниот резултат го постави Суарез во 71-тата минута, стрелајќи прецизно од 11 метри.