Српскиот судија Срѓан Обрадовиќ е приведен од страна на полицијата поради пеналот кој го досуди на мечот меѓу Спартак Суботица и Раднички Ниш.
Обрадовиќ досуди пенал кој го пренесоа и медиумите надвор од регионот. Пеналот беше толку чуден што од многумина беше оценет како најсмешен досега. Буквално немаше никаква причина да биде покажано на белата точка.
Контроверзниот момент се случи на мечот од српската Суперлига помеѓу Спартак Суботица и Раднички Ниш кои се борат за место во Лига Европа.
Српските медиуми јавуваат дека судијата Обрадовиќ денеска е приведен од полицијата на распит за контроверзното судење на мечот кој го добија домаќините со 2-0, и двата гола беа од пенал.