Фудбалската федерација на Мароко го загуби случајот против ФИФА за привлекувањето во составот на репрезентацијата на напаѓачот Мунир Ел Хадади. Спортскиот арбитражен суд (КАС) во Лозана не дозволи барањето на Мароко Хадади да добие право да игра за татковината на своите родители. Играчот на Барселона има 13 одиграни минути за репрезентацијата на Шпанија во квалификациите со Македонија во 2016 година, поради што нема право да претставува друга земја. Но, 22-годишниот Ел Хадади брзо го загуби своето место во националниот тим и во Барселона. Оваа сезона тој е на позајмица во Алавеш.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2018 10:33