Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг останал изненаден од заминувањето на Арсен Венгер. Стрелецот беше привлечен од Борусија Дортмунд во јануари, а потоа очекувал дека ќе работи со францускиот специјалист уште долги години. - Мислев дека ќе остане во Арсенал многу години. Но, таков е животот. Тоа е фудбалот. Понекогаш едноставно не знаете што ќе се случи. Ми беше драго да играм под негово раководство. Научив многу за времето што го поминав со него. И покрај разделбата, среќен сум во Арсенал, рече Обамејанг. Репрезентативецот на Габон постигна 10 гола и направи 3 асистенции во 14 натпревари во Премиер лигата минатата сезона.