Најдобриот бразилски фудбалер Нејмар да Силва најверојатно ќе се врати на теренот во пријателски натпревар против Хрватска на 3 јуни во Ливерпул.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен не игра од февруари поради повреда, но ќе биде подготвен пред Мундијалот.

Докторот на „кариоките“, Родриго Лесмар истакна дека заздравувањето на Нејмар се одвива добро и дека следната недела ќе тренира со групата.

- Ние направивме неколку тестови, заздравувањето на Нејмар оди во вистинска насока, а следната недела ќе биде подготвен да тренира со тимот. Нашата идеја е да работи со топка за да бидеме целосно фит да го одигра првиот пријателски натпревар, истакна Лесмар.

Покрај Бразил, во групата Е за СП се Србија, Швајцарија и Костарика.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2018 11:45