Португалскиот тренер Фернандо Сантош го објави проширениот состав на европските шампиони за претстојното Светско првенство во Русија. Шеесет и три годишниот тренер повика вкупно 35 играчи во проширениот состав, а пред почетокот на Светското првенство 2018 оваа листа ќе биде сведена на 23 имиња.

Ренато Санчез, кој беше избран за најдобар млад играч на Евро 2016, не е меѓу повиканите. Играчот од средниот ред разочара во дресот на Свонси во Премиер Лигата и запиша само 12 натпревари за велшкиот тим, кој испадна од англиската елита.

Големите имиња како Кристијано Роналдо, Рикардо Кварезма, Пепе и Жоао Мутињо очекувано се во составот, а Сантош се обложува на само осум грачи од португалското првенство.

Ова е комплетната листа:

Голмани: Антони Лопеш (Лион), Бето (Гезтепе), Руи Патрисио (Спортинг)

Одбрана: Антунеш (Гетафе), Бруно Алвеш (Ренџерс), Седрик Соареш (Саутемптон), Жоао Кансело (Интер), Жозе Фонте (Далиан), Луис Нето (Фенербахче), Марио Руи (Наполи), Нелсон Семедо (Барселона), Пепе (Бешикташ), Рафаел Гереиро (Борусија), Рикардо Переира (Порто), Роландо (Марсеј), Рубен Диаш (Бенфика)

Среден ред: Адриен Силва (Лестер), Андре Гомеш (Барселона), Бруно Фернандеш (Спортинг), Жоао Марио (Вест Хем), Жоао Мутињо (Монако), Мануел Фернандеш (Локомотив), Рубен Невеш (Вулверхемптон), Сержио Оливеира (Порто), Вилијам Карваљо (Спортинг)

Напад: Андре Силва (Милан), Бернардо Силва (Манчестер Сити), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Едер (Локомотив) Желсон Мартинс (Спортинг), Гонзало Гуедеш (Валенсија), Нани (Лацио), Паулињо (Брага), Рикардо Кварезма (Бешикташ), Рони Лопеш (Монако).



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2018 11:46