Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман очекува неговиот клуб да ја освои титулата во Лига Европа, иако на теренот нема да присуствува тренерот Диего Симеоне.
- Имаме шанса да ја освоиме титулата во Лига Европа. Ќе направам се што е во моја моќ да успееме во тоа, истакна Гризман.
Во финалето шпанскиот клуб ќе настапи без Симеоне на клупата, бидејќи УЕФА го суспендираше поради исклучувањето на натпреварот против Арсенал.
- Она што Симеоне го прави е од историско значење за Атлетико. Како на пример она што Алекс Фергусон го направи за Манчестер јунајтед. Се надевам дека ќе имаме таков успех и со трофеите, бидејќи нашиот клуб го заслужува тоа. Сметам дека тој е најдобриот тренер на светот што се однесува до тактиката. Навистина е задоволство да се работи со него, потенцира Гризман.
Финалниот натпревар во Лига Европа се игра утре во Лион, а за трофејот ќе се соочат Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј.