Француската полиција уапси 21 навивач за разни прекршувања по финалето на Лигата на Европа, одиграни синоќа во Лион.

Најголем дел (18) од уапсените се се фанови на Марсеј. Повеќето од навивачите беа приведени од полицијата на стадионот или во негова близина.

Седум лица беа притворени поради користење пиротехника, четири за насилство на стадионот. Другите се притворени поради повици за немири, како и обид да втрчаат на теренот.

Три фанови беа уапсени поради предизвикување нереди во градот, а еден за носење пиштол.

Трофејот во ЛЕ го освои Атлетико по триумфот над Олимпик Марсеј со 3:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 13:40