Раководството на Атлетико Мадрид планира да го задржи Јан Облак, но поради се почестите гласини за негово можно заминување во Премиер лигата, шпанскиот клуб ќе ја зголеми излезната клаузула за словенечкиот голман.
Според договорот, кој важи до 2021 година, Облак би можел да го напушти мадридскиот клуб доколку некој е подготвен за него да плати 100 милиони евра.
- Ќе се обидеме да му ја зголемиме цената, но она што е најважно е да му веруваме. Знаеме дека сака да остане, а тоа е и наша цел, истакна извршниот директор на клубот, Мигел Анхел Марин.
Облак во Атлетико дојде во 2014 година, а синоќа го освои трофејот во Лига Европа без да прими гол во финалето.
- Луѓето мислат и говорат сешто. Имам договор со Атлетико и не знам што ќе се случи во иднина бидејќи нешата не зависат само од мене, наведе голманот.
Атлетико во недела ќе игра против Еибар, а на мадридскиот клуб му е потребен само бода да го обезбеди второто место без разлика на резултатите на останатите натпревари.