На денот на објавувањето на заминувањето на Џанлуиџи Буфон, Јувентус ги финализираше преговорите за привлекувањето на голманот на Џенова, Матија Перин. Според „Газета Дело Спорт“, Торино ќе плати околу 8 милиони евра за 25-годишниот голман, што е драстично помалку од 20-те милиони, што првично ги побара Џенова. Перин ќе потпише договор за пет години, а неговата плата ќе изнесува околу 2 милиони евра. Во отсуство на Буфон, фаворит за стартер кај „старата дама“ е Војчех Шчесни, а со доаѓањето на Перин шефовите на клубот сакаат да ја зголемат конкуренцијата.