Селекторот на Франција, Дидие Дешамп ја бранеше одлуката да не ги повика во тимот за СП во Русија напаѓачите Антони Марсијал од Манчестер Јунајтед и Александар Лаказет од Арсенал. - Двајцата играа добро во контролниот меч против Германија минатиот октомври, но тоа е само еден натпревар. Во останатите не беа доволно добри. Анализиравме внимателно како би можеле да ги користиме во конкретни ситуации и дојдовме до заклучок дека можеме и без нив. Сметам дека Жиру, Гризман, Фекир и Мбапе можат да завршат доволно добра работа во нашиот напад, прокоментира Дешамп. Составот на Франција за СП 2018 во Русија: Голмани: Алфонс Ареола (ПСЖ), Иго Лорис (Тотенхем), Стив Манданда (Марсеј); Одбрана: Лука Ернандез (Атлетико Мадрид), Перснел Кимпембе (ПСЖ), Бенжамен Менди (Манчестер Сити), Бенжамен Павар (Штутгарт), Адил Рами (Марсеј), Џибрил Сидибе (Монако), Семјуел Умтити (Барселона), Рафаел Варан (Реал Мадрид); Среден ред: Нголо Канте (Челзи), Блејз Матуиди (Јувентус), Стивен Нзонзи (Севиља), Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Корентен Толисо (Баерн Минхен) Напад: Усман Дембеле (Барселона), Набил Фекир (Лион), Оливие Жиру (Челзи), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Тома Лемар (Монако), Килијан Мбапе (ПСЖ), Флориан Товен (Марсеј).