Легендарниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста изјави дека евентална продажба на Серхио Бускетс би била огромна грешка. Неодамна стана јасно дека халфот не е задоволен од платата што ја добива и сака таа да биде зголемена. Играчот од средниот ред дури и самиот си дозволи да му се закани на претседателот на клубот со заминување. - Ќе биде огромна грешка ако Бускетс ја напушти Барселона. Не верувам дека ќе дојде до тоа, бидејќи тој е важен играч и веќе долги години игра на високо ниво во тимот, изјави Иниеста. Како што е познато, тој го напушта „Камп Ноу“ по крајот на сезоната. Сепак, не е јасно во која насока ќе преземе, откако самиот откри дека ќе игра или во Кина или во Јапонија. - Ќе ви ја соопштам одлуката следната недела. Сакам јас да сум тој кој ќе објави прв за својата иднина, додаде шпанскиот репрезентативец.