Францускиот селектор, Дидие Дешамп, се одлучи на Светското првенство во Русија да не повика дури четири ѕвезди, но и без репрезентацијата на Франција е еден од главните фаворити за освојување на титулата.
Дешамп одлучи во Русија да замине без ѕвездите од Премиер лигата, Александре Лаказет и Антони Марсијал, место на списокот немаше ниту за најдобриот фудбалер на Марсеј, Димитри Паје, како и за еден од најдобрите играчи на ПСЖ оваа сезона Адриен Рабио.
Во одбраната на репрезентацијата поради повреда ќе фали Лорен Кошиелни од Арсенал.
Голмани: Хуго Лори, Алфонс Ареола, Стив Манданда.
Одбрана: Лукас Хернандез, Преснел Кимпембе, Бенџамин Менди, Бенџамин Павар, Адил Рами, Џибрил Сидибе, Самуел Умтити, Рафаел Варан
Средина: Н’Голо Канте, Блес Матуиди, Стивен Н’Зонзи, Пол Погба, Корентин Толисо
Напад: Осман Дембеле, Набил Фекир, Оливие Жиру, Антоан Гризман, Томас Лемар, Килијан Мбапе, Флорин Товин.