Во последните неколку дена во Спортинг Лисабон се случуваат низ ужасни работи.

Се тргна од тоа што некои играчи, кои се многу незадоволни во клубот и сакаат што побрзо да заминат откако влегоа во конфликт со претседателот на клубот, контроверзниот Бруно Де Карваљо.

Се кулминираше во вторникот со упадот на хулиганите во тренинг кампот, каде играчите на Спортинг беа претепани. Меѓу играчите на Спортинг е и Македонецот Стефан Ристовски, кој потекнува од школата на Вардар.

Португалскиот весник „Публико“ пишува дека тоа е кривица на претседателот Бруно Де Карваљо. Тоа за весникот го открил извор близок до тренерот на клубот, Жорге Жесус.

Навивачите ги земаа работите во свои раце и физички го нападнаа голманот на нивниот клуб, Руи Патрисио во гаража, откако Спортинг изгуби 2:1 од Маритимо во неделата, пораз што значи дека следната сезона нема да играат во Лигата на шампионите.

Како што се пишува, Де Карваљо наложил хулиганите да ги натераат играчите на максимален ангажман пред важните натпревари последните месеци и на тој начин да ги преплашат.

Сега следуваат голем број заминувања од клубот, тренерот Жесус сака да замине, како и поголемиот дел од играчите. Медиумите пишуваат дека упадот во кампот е помогнат од управата на клубот.

Хозе Диого Салема кој осум години бил шеф на обезбедувањето на тренинг кампот истакна дека цело време вратата на кампот била затворена кога тимот би имал тренинг, како и дека камери имало насекаде, што овој пат не било случај.

Полицијата се жали дека снимката надзорните камери ја добиле 12 часа откако ги побарала и дека на нив се гледа само заминувањето на навивачите од тренинг кампот.

Додека траел циркусот камерите не работеле. Шефот на обезбедувањето открива дека после нападот добил повик од директор во клубот и му кажал во кампот да пушти автомобил. Со тој автомобил подоцна биле извадени шест водачи на навивачите, кои учествувале во нападот, но не се уапсени.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2018 23:53