Италијанскиот фудбалски клуб Парма кој пред три години поради финансиски проблеми беше „исфрлен“ во четвртата по квалитет лига, во следната сезона повторно ќе настапува во Серија А.

„Млекарите“ синоќа во последното коло од Серија Б ја победија Специја со 2:0 и го освоија второто место и заедно со првопласираниот Емполи изборија учество во елитата на италијанскиот фудбал.

Само еден бод до такво остварување го делеше тимот на Палермо за кој настапуваат македонскиот репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Палермо ќе се обиде преку плејофот да се врати во Првата лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2018 14:49