Менаџерот на Челзи, Антонио Конте по освојувањето на ФА Купот јасно стави до знаење дека сака да остане во клубот. Во финалниот натпревар синоќа на „Вембли“ Челзи го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0.
- На хартија, Манчестер беше фаворит против Челзи, како и Арсенал пред тоа. Но, успеавме да победиме на сметка на напорна работа. Мојата позиција не се промени. Не сакам да слушам други предлози. Моето мислење е јасно, го почитувам договорот со Челзи и сакам да продолжам да работам. За две години го освоивме првенството и ФА Купот. Мислам дека докажав дека сум победник, сериски победник, и покрај тешкотиите, изјави Конте.
Останува да се почека на одлуката на раководството на „сините“ околу тренерската иднина на италијанскиот стручњак на клупата на Челзи.