Уругваецот во дресот на Пари Сен Жермен, Едисон Кавани, втора година по ред е најефикасен играч во Француското фудбалско првенство.

Тој постигна 28 гола во 32 натпревари оваа сезона во Лига 1.

Минатата сезона Кавани исто така беше најдобар стрелец со 35 гола.

Далеку по Кавани оваа сезона на второто место на листата стрелци се најде Флориан Товен од Олимпик Марсеј со 22 погодоци, додека трет е Нејмар од ПСЖ со 20 гола, но Бразилецот го пропушти крајот на сезоната поради повреда.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2018 23:57