Во директен дуел кој одлучуваше која екипа следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, Интер го победи Лацио во Рим со 3:2 и го освои 4. место во Серија А.

Гостите од Милано до трите бода стигнаа со два гола во последните десетина минути, откако на полувреме Лацио водеше со 2:1.

На „лацијалите“ доволен им одговараше и нерешен резултат, но не издржаа до крај и пропуштија убава шанса да се пласираат во елитното натпреварување.

Покрај Интер од Италија следната сезона во ЛШ ќе играат шампионот Јувентус, Наполи и Рома.

Во Лигата на Европа ќе играат Лацио и Милан, а во квалификациите Аталанта.

Серија А ја напуштаат Кротоне, Верона и Беневенто.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2018 08:53