Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, ја освои „Златната копачка“ во сезоната 2017/18.

Аргентинецот постигна 34 гола на 36 натпревари од шпанскиот шампионат и со вкупно 68 поени заврши на првото место на листата пред Мохамед Салах од Ливерпул (32 гола на 36 натпревари во Премиер Лигата).

Трет е Хари Кејн од Тотенхем со 30 гола во 37 дуели во Премер лигата.

За Меси ова е петта „Златна копачка“. Претходно беше најдобар стрелец во европските лиги во 2010, 2012, 2013 и 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2018 09:08