Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алиги денеска остварил средба со раководството на клубот, објавија италијанските медиуми.
Утрово, Алегри пристигнал во канцеларијата на „бјанко-нерите“ каде имал состанок со потпретседателот Павел Недвед, генерален директор и извршен директор Џузепе Марота, но го немало претседател Андреа Анели.
Двете страни веќе изразија желба да продолжат со заедничката работа, дури и сугерирајќи дека Алегри ќе потпише нов договор до 2021 година.
Неговиот тековен е со важност до 2020 година, но се шпекулираше дека ќе го напушти калчолигашот и ќе замине во Арсенал.
По освојувањето на уште една шампионска титула, Алегри изјави дека ќе го напушти Јуве само ако биде отпуштен.