Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, вети дека ќе го поддржи шпанскиот тим на Светското првенство во 2018 година.

Тој не се најде на списокот на селекторот Лопетеги за Мундијалот.

- Среќно на Светското првенство! Јас ќе го навивам и ќе ви бидам благодарен до крај, како и обично, напиша Мората на Твитер.

Мората постигна 15 гола во 48 натпревари за Челзи оваа сезона.

Покрај Мората од звучните шпански имиња, на најсилниот репрезентативен фудбалски собир нема да играат ниту Цеск Фабрегас, Педро и Алонсо.

Светското првенство во Русија ќе се игра од 14 јуни до 15 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2018 12:55